“Ангротекс” Доо Штип е трговско друштво за внатрешен и надворешен промет и неговата основна дејност е трговија на големо и мало со текстилни производи.
Компанијата “Ангротекс” е основана во 1969 год. и од тогаш трае традицијата на трговија со текстилни производи на големо и мало, при што до денес има поминато повеќе статусни промени, поради усогласување со важечките законски прописи. Денес “Ангротекс“ е друштво со ограничена одговорност во приватна сопственост. Со друштвото управуваат Собир на содружници, управител, надзорен орган. Управителската улога и е доверена на г-ѓа Вида Николова, дипломиран економист која во изминатите 20 години успешно остварувала повеќе раководни функции.
“Ангротекс” Доо Штип во моментот вработува 70 лица.
За што попрофесионално и ефикасно извршување на секојдневните задачи, “Ангротекс” располага со сопствен деловен простор со вкупна површина од 3000 м2 во Штип, со современ возен парк и компјутерски систем со кој е опфатено целокупното работење. “Ангротекс” има и сопствен дистрибутивен деловен простор во Скопје, во согласност со неговата деловна политика да биде поблиску до своите корисници.
Визи јата на “Ангротекс” е да ја прошири трговија та на големо со текстил и текстилни производи со познати европски производители и своето производство да го удвои во наредните две години . |