Во 2002 година “Ангротекс” ја оствари својата развојна стратегија и дејноста ја прошири со организирано производство на памучни и трикотажни производи. Во својот производен програм конфекцијата “Ангротекс” има машка, женска и детска долна облека и памучна трикотажа.

Годишниот капацитет е околу 300 000 конфекциски единици, а целокупното производство се пласира во соработка со своите деловни партнери на пазарите во Словенија и Хрватска.

Ангротекс има сопствено производство на машки, женски и детски пижами и ноќници.